Индустријата предупредува: Ќе има недостаток на играчки пред новогодишните и божиќните празници

58

Иако е август, индустријата за детски играчки предупредува на можен недостаток пред божиќните и новогодишните празници, поради недостаток на транспортни контејнери и огромни трошоци за транспорт на глобално ниво.

Индустријата предвидува “совршена бура“ од економски притисоци што неизбежно ќе предизвика повисоки цени и поголем недостаток, пренесува Гардијан. И покрај сите напори што ги прави, индустријата предупредува дека веќе е предоцна да се решат тесните грла во снабдувањето за оваа година.

Податоците покажуваат дека трошоците за користење на контејнерот се зголемиле помеѓу 10 и 15 пати во текот на минатата година. Испораката на контејнер од 12 метри од Кина чинеше околу 1.500 долари, но денес чини не помалку од 15.000 долари.

Иако некои увозници на играчки ги одложија нарачките поради зголемените цени, дури и оние кои се подготвени да платат, честопати не можат да обезбедат контејнер. Британското здружение на трговци со играчки наведува дека некои продавачи платиле по 30.000 долари само за да го стават контејнерот на бродот.

Фото: Pixabay