
Според податоците на Државниот завод за статистика продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во август 2026 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.4 %.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно
(на домашниот и на странскиот пазар), во август 2026 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 3.8 % и во секторот Преработувачка индустрија за 0.3 %, намалени се во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.7 %, а во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети.
Во август 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторите Рударство и вадење камен за 21.7 %, Преработувачка индустрија за 6.3 %, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 10.5 % и Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 7.4 %.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во август
2026 година се зголемени за:
- 0.4 % во однос на претходниот месец
- 7.1 % во однос на истиот месец од претходната година
Фото: Gemini











