Државниот завод за статистика соопшти дека индустриското производство во април годинава во однос на истиот месец лани е зголемено за 4%.
Индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во истиот период бележи пораст од 1,9%, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 3,4%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 9,5%.
Според главните индустриски групи, производството во април 2013 година, во однос на април 2012 година, бележи пораст кај енергијата за 1,7%, кај капиталните производи за 2,4%, кај трајните производи за широка потрошувачка за 2,9% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,9%.
Опаѓање е забележано кај интермедијарни производи, освен енергија за 3,5%.