Индустриското производство во Германија се намали за 4,3 проценти

Индустриското производство во Германија се намали за 4,3 проценти во август во споредба со претходниот месец, објави денес Федералниот завод за статистика на Германија.

Ова е негативен пресврт од растот од 1,3 проценти во јули и е далеку под пазарните очекувања од еден процент, објави „Трејдинг економикс“.

Овој резултат е исто така најголемиот месечен пад на индустриското производство од март 2022 година.