Индустриското производство во јануари зголемено за 0,3%

97

Индустриското производство во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст од 9,4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 15,8%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 12,7%, Капитални производи за 5,5% и Трајни производи за широка потрошувачка за 5,4%.

Фото: Pexels