Индустриското производство во ноември намалено за 4,4%

45

Според извештајот на Државниот завод за статистика индексот на индустриското производство во месец ноември годинава се намалил за 4,4% во однос на истиот месец минатата година.

Податоците покажуваат дека индустриското производство бележи пад последниве 15 месеци, кој започна во септември минатата година.

Од почетокот на годината, индексот на индустриското производство бележи пад од 6,5%, во однос на периодот  јануари – ноември 2011 година.

Од друга страна пак, индустриското производство во ноември на месечно ниво бележи пораст од 5,3%.