Инфлацијата во април порасна за 1.3 %: Транспортот со скок од 10.1 %

Според податоците на Државниот завод за статистика инфлацијата во април 2026 година во однос на претходниот месец е 1.3 %

Индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи зголемување од 5.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.0 %.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1.3 %.

Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 10.1 %, Рекреација, спорт и култура за 1.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1.2 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Облека и обувки, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги и Информации и комуникации за 0.6 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.4 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Здравствена заштита и Услуги за образование за 0.3 %.

Намалувањето на инфлацијата во април 2026 година, во однос на март 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во групата Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.2 %.

Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 103.2.

 

Во април 2026 година во однос на март 2026 година:

  • Стапката на инфлација е 1.3 %
  • Во групата Транспорт е 10.1 %