Инфлацијата во еврозоната падна под целта на ЕЦБ

18

Во септември, цените на мало во еврозоната пораснаа побавно од целта на Европската централна банка (ЕЦБ) за прв пат по повеќе од три години.

Според прелиминарната проценка на Евростат, инфлацијата минатиот месец падна на 1,8 отсто на годишно ниво, што е најниско од април 2021 година. Претходниот месец стапката сè уште беше 2,2 отсто.

ЕЦБ се обидува да ја задржи инфлацијата на два проценти годишно.

Забавувањето на инфлацијата, статистичарите го припишуваат првенствено на движењето на цените на енергенсите, кои се намалени за шест отсто од септември 2023 година. На спротивната страна се услугите кои се поскапи за четири отсто.

Базичната инфлација, односно потрошувачките цени на сè, освен енергија и храна, падна за 0,1 процентен поен, на 2,7 отсто.