
Годишната стапка на инфлација во Еврозоната изнесуваше 1,9 проценти во мај, што е пад во споредба со априлските 2,2 проценти, објави денес Европскиот завод за статистика – Евростат.
Во Европската унија, стапката минатиот месец изнесуваше 2,2 проценти, што е намалување во однос на априлските 2,4 проценти.
Во мај 2025 година, најголем придонес кон годишната стапка на инфлација во еврозоната имаа услугите, по што следуваа храната, алкохолот и тутунот, индустриските стоки без енергија и енергијата.
Кипар (0,4 проценти), Франција (0,6 проценти) и Ирска (1,4 проценти) имаа најниски годишни стапки во мај. Највисоки годишни стапки забележаа Романија (5,4 проценти), Естонија (4,6 проценти) и Унгарија (4,5 проценти).
Во споредба со април 2025 година, годишната инфлација се намали во 14 земји-членки, остана стабилна во една и се зголеми во 12.