
Најновите податоци на Државниот завод за статистика носат мало олеснување за паричниците на граѓаните. Во јуни е забележан пад на трошоците на животот за 0.5% во споредба со мај, главно благодарение на пониските цени на храната и транспортот. Сепак, статистиката покажува дека на годишно ниво сè уште плаќаме поскапо – инфлацијата во јуни 2026 година е за 3.4% повисока во однос на истиот месец лани.
Инфлацијата во јуни 2026 година во однос на претходниот месец е – 0.5 % Според податоците на Државниот завод за статистика во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите Транспорт за 1.6 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 1.1 %.
Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Рекреација, спорт и култура за 1.4 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.5 %, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата и Ресторани и услуги за сместување за 0.3 %, Здравствена заштита и Информации и комуникации за 0.2 %, Облека и обувки за 0.1 %.
Трошоците на животот во групите Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Услуги за образование и Осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во јуни 2026 година во однос на мај 2026 година изнесува 99.2.
Индексот на трошоците на животот во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, бележи зголемување од 3.4 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.6 %.
Во јуни 2026 година во однос на мај 2026 година:
Стапката на инфлација е -0.5 %
Во групата Транспорт е -1.4 %











