Инфлацијата во Црна Гора скокна на 16,8 отсто

51

Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во Црна Гора во октомври се повисоки за 1,4 отсто на месечно ниво, додека во однос на истиот месец во 2021 година се зголемени за 16,8 отсто, покажуваат податоците на Управата за статистика Монстат.
Најголемо влијание врз месечната стапка на инфлација имаше зголемувањето на цените на млекото, сирењето и јајцата, облеката, месото, обувките, уредите, предметите и производите за лична нега, соопштија од Монстат.

Пад на цените е забележан во групите ресторани и хотели за 4,7 отсто и рекреација и култура за 0,3 отсто.

Потрошувачките цени во Црна Гора се зголемиле во просек за 12,2 отсто од јануари до октомври 2022 година, во споредба со истиот период минатата година.