Инфлацијата во ЕУ забави во февруари

16

Инфлацијата во ЕУ забави во февруари, следејќи го трендот во еврозоната, покажаа во понеделник новите проценки на Евростат.
На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлација мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), кој овозможува споредба меѓу земјите-членки, во февруари падна на 2,8 отсто. Во јануари таа изнесуваше 3,1 отсто.

Во еврозоната се лизна од 2,8 на 2,6 отсто, ја потврди Евростат проценката од крајот на февруари.

На месечно ниво, цените во двете области во февруари пораснале за 0,6 отсто. Во јануари тие се лизнале за 0,2 отсто во однос на декември, пресмета Европскиот завод за статистика, ревидирајќи ја проценката за зоната на примена на заедничката европска валута.

Цените на енергијата најмногу паднаа во февруари во еврозоната, за 3,7 отсто во однос на истиот период лани, но поблаг од јануари.

Цената на свежата храна порасна за 2,1 отсто, што е многу поблаго отколку на почетокот на годината кога нејзините цени пораснаа за 6,9 отсто.

Во февруари 2023 година, годишната стапка на инфлација во еврозоната беше 8,5 отсто, а во ЕУ 9,9 отсто.

Највисока годишна стапка на инфлација во ЕУ во февруари забележа и Романија, од 7,1 отсто, објави Евростат.