Инфлацијата во еврозоната е најниска во последните три години

63

Според прелиминарната „блиц“ проценка, годишната стапка на инфлација во еврозоната во август паднала од јулските 2,6 на 2,2 отсто и сега е најниска од јули 2021 година, објави денеска Евростат.

Во август цените на енергенсите паднаа за три отсто на годишно ниво, додека во јули нивниот раст претходно беше 1,2 отсто.

Наспроти тоа, цените на услугите во еврозоната се зголемени за 4,2 отсто на годишно ниво, што е забрзано во однос на јулските четири отсто, а цените на храната, алкохолот и тутунот за 2,4 отсто во однос на јулските 2,3 отсто.