Инфлацијата во Германија бележи благ раст

9

Инфлацијата во Германија благо забрза до 2,4% во април. Ова го покажуваат прелиминарните податоци на Федералниот завод за статистика од понеделникот. За споредба, во март инфлацијата беше 2,3%.

Потрошувачките цени во земјата, усогласени со оние во другите земји од Европската унија, во март пораснаа за 2,3% на годишна основа.

Базичната инфлација во Германија, која ги исклучува нестабилните цени на храната и енергијата, изнесуваше 3 отсто во април, во однос на 3,3 отсто во март.

Според економистите анкетирани од Reuters, инфлацијата во еврозоната се очекува да остане на 2,4%, непроменета во однос на претходниот месец.

Европската централна банка претходно даде јасен сигнал дека ќе започне со намалување на трошоците за задолжување во јуни во услови на забавување на инфлацијата во валутната унија.