Инфлацијата во Грција 2,5 отсто, остануваат високи цените на прехранбените продукти

44

Годишната инфлација во Грција во јули била 2,5 отсто, наспроти 1,8 отсто проценти во јуни, а цените на прехранбените производи остануваат високи, за 12,3 отсто зголемени споредбено со една година претходно, согласно официјалните податоците од грчката служба за статистика,  пренесува МИА.

Ниската инфлација главно се должи на падот на цените на нафтата, природниот гас и електричната енергија.

За една година, од јули 2022 до јули 2023 година цената на природниот гас се намалила за 68,9 отсто, на електричната енергија за 16,2 проценти, а на нафтата за греење 20,7 проценти.

Од друга страна, зголемени се цените на основните продукти, односно овошјето е за 19,4 отсто поскапо во споредба со лани, зеленчукот за 15,5 проценти, млечните производи и јајцата за 14,4 отсто, месото за 10,9 проценти лебот, житните производи за 8,6 отсто, итн.

Инфлацијата во Грција во јануари годинава беше седум проценти, во февруари  6,1 отсто, во март 4,6 проценти, во април три отсто, а во мај 2,8 отсто, а во јуни дополнително се намали на 1,8 проценти.