Инфлацијата во Јапонија во јуни 3,3 отсто

54

Инфлацијата во Јапонија се искачи на 3,3 отсто во јули, зголемувајќи го притисокот врз Банката на Јапонија да ги подигне каматните стапки на нула и да се откаже од својата ултра лабава монетарна политика на состанокот следната недела, бидејќи Јапонија повеќе не е надвор од глобалната инфлација.

За прв пат по осум години, инфлацијата во Јапонија е повисока од инфлацијата во САД, пишува Financial Times. Јапонската централна банка е единствената во светот која сè уште одржува негативни каматни стапки, а промената на нејзината политика би имала големи импликации за глобалните финансиски пазари.

Годишниот индекс на потрошувачките цени и основната инфлација на потрошувачките цени (CPI), кои ја исклучуваат свежата храна, се зголемија од 3,2 отсто во мај на 3,3 отсто во јуни, покажуваат официјалните податоци објавени во петокот. Зголемувањето на цените беше во согласност со очекувањата, пред се поради поскапувањето на комуналните услуги.

Банката на Јапонија ја брани својата политика на нула и негативни каматни стапки тврдејќи дека таа е наменета да ја поддржи економијата бидејќи инфлацијата не е поттикната од силната основна побарувачка на потрошувачите, па затоа ќе забави заедно со падот на цените на увезените стоки.

Знак дека тоа би можело да се случи е фактот што основниот CPI, кој ги исклучува цените на енергијата и храната, падна од 4,3 на 4,2 отсто во јуни. Банката на Јапонија на почетокот на оваа недела посочи дека ќе одржи лабава монетарна политика.