Инфлацијата во јуни во еврозоната изнесуваше 5,5 отсто

Според првата прелиминарна проценка, годишната стапка на инфлација во еврозоната во јуни паднала на 5,5 отсто од 6,1 отсто во мај, објави денеска Евростат.

Пазарите прогнозираа дека инфлацијата ќе падне на 5,6 проценти во јуни, така што овој резултат малку ги надмина очекувањата.

Инфлацијата во еврозоната е најниска од јануари 2022 година. Се проценува дека цените на храната, алкохолот и тутунот се зголемени за 11,7 отсто на годишна основа во однос на мајските 12,5 отсто, како и цените на индустриските производи (без енергијата) – за 5,5 отсто во однос на мајските 5,8 отсто, а цените услуги – за 5,4 отсто во однос на мајските 5,0 отсто.

Цените на енергетските производи во јуни паднаа за 5,6 отсто на годишно ниво, што е значително повеќе во однос на мај кога на годишно ниво паднаа за 1,8 отсто.

Годишната стапка на базичната инфлација во еврозоната благо порасна на 5,4 отсто во јуни од 5,3 отсто во мај, се вели во извештајот.