
Инфлацијата во САД забави на 4 отсто во мај, што е најниско ниво од март 2021 година, објави во вторникот Бирото за статистика на трудот. Тоа ја поддржува евентуалната одлука на ФЕД оваа недела да стави крај на повеќемесечната серија на агресивни зголемувања на каматните стапки.
Податоците доаѓаат еден ден пред ФЕД да одлучи дали да ги зголеми каматните стапки 11-ти месец по ред или да паузира и да продолжи да ги проценува економските услови. Банката на федерални резерви внимателно го следи растот на основниот CPI, кој продолжува да расте брзо.
Неколку американски креатори на монетарната политика, вклучувајќи го и претседателот на ФЕД, Џером Пауел, посочија дека попрво би пропуштиле уште едно зголемување на каматните стапки во јуни, но не исклучуваат понатамошни зголемувања во наредните месеци.
Цените на половните автомобили во САД пораснаа во текот на изминатиот месец, но цените на авионските билети и покуќнината паднаа. Без домување и енергија, цените на услугите пораснале за 0,2 отсто.











