Инфлацијата во Швајцарија најниска за речиси година и пол

24

Во јуни Швајцарија забележа годишна инфлација од 1,7 отсто, по 2,2 отсто во мај. Ова е најниската стапка на инфлација за речиси една и пол година. Инфлацијата и натаму главно е поттикната од цените на храната и безалкохолните пијалоци. Така, инфлацијата се врати на целниот опсег на швајцарската централна банка меѓу нула и два проценти.
Ова е најслабиот раст на стапката на инфлација од минатиот јануари, кога изнесуваше 1,6 отсто, покажуваат податоците на швајцарскиот завод за статистика, сумирани од германската новинска агенција dpa.

Најмногу за инфлацијата во јуни придонесоа цените на храната и на безалкохолните пијалоци. На годишно ниво поскапеле за 5,1 отсто, додека во мај поскапеле за 5,3 отсто.

Цените на становите и енергијата пораснаа за 2,9 отсто во јуни, по растот од 3,2 отсто во мај.

На месечно ниво, инфлацијата беше стабилна.

Базичната стапка на инфлација, која ги исклучува цените на храната, енергијата и горивата, падна на 1,8 отсто во јуни од 1,9 отсто во мај.