
Годишната стапка на инфлација во Швајцарија во март се намали од февруарските 1,2 на еден процент и е најниска од септември 2021 година, објавено е на веб-страницата на швајцарското федерално биро за статистика – BFS.
Цените на храната и безалкохолните пијалоци во март паднаа за 0,4 отсто на годишно ниво, како и во здравството за 0,5 отсто и транспортот за 0,5 отсто, пренесува Мина.
Наспроти тоа, цените на становите и енергијата се зголемени за 3,1 отсто на годишно ниво, во секторот рекреација и култура за 1,8 отсто, и во двата случаи со побрзо темпо во однос на февруари.
Годишната стапка на базичната инфлација во Швајцарија падна во март од 1,1 отсто во февруари на еден отсто.
На месечна основа, инфлацијата во Швајцарија не се промени во однос на февруари.











