Инфлацијата во Србија во февруари падна на 5,6 отсто

16

Годишната инфлација во Србија во февруари годинава изнесува 5,6 отсто, а месечната инфлација 0,6 отсто, објави денеска Републичкиот завод за статистика.

Цените на производите и услугите за лична потрошувачка, кои ја мерат инфлацијата во февруари, во однос на декември 2023 година, се зголемени во просек за 0,9 отсто, објави агенцијата Бета.

Во февруари, во однос на претходниот месец, поскапувања се забележани во групите Алкохолни пијалаци и тутун (два отсто), транспорт (1,9 отсто), ресторани и хотели (еден отсто), храна и безалкохолни пијалоци и здравје (од 0. 4 отсто) и во групите домување, вода, струја, гас и други горива и опрема за стан и тековно одржување (по 0,2 отсто).

Поевтинија облеката и обувките (1,1 отсто) и комуникациите (0,1 отсто).

Потсетуваме, гувернерката на Народната банка на Србија (НБС), Јоргованка Табаковиќ, на бизнис форумот Копаоник изјави дека инфлацијата во Србија е во силен пад од април минатата година и дека на крајот на годината била двапати најниско како една година порано и во согласност со проекцијата на НБС.