Инфлуенсерите според закон ќе мора да нагласат ако нивните фотографии се обработени

44

Норвешките пратеници со големо мнозинство донесоа нов закон според кој инфлуенсерите и огласувачите ќе имаат законска обврска да истакнат кога некоја нивна фотографија е фотошопирана или изменета со филтри.

Овој закон е резултат на повеќегодишни залагања на младински групи и министерството за деца и семејни работи, кои повикуваа да се воведат построги мерки поради растечката загриженост околу прикажувањето на телото и менталното здравје.

Новите регулативи на Министерството за деца и семејство на Норвешка се донесени како обид да се борат против нереалните стандарди за убавина.

Законот беше донесен со 72 пратенци кои гласаа “за“ и 15 гласаа “против“. Кралот на Норвешка ќе одлучи кога ќе стапи на сила.

Кога законот ќе се спроведе, тој ќе бара инфлуенсерите кои заработуваат од нивната содржина, да нагласат кога нивните фотографии се обработени.

Ова вклучува измени што се направени во големината на телото, обликот или кожата на субјектот, или бил користен филтер. Специфични примери вклучуваат зголемени усни, изменети мускули и стегнати струкови.

Сликите што биле обработени законски се задолжени да имаат етикета на нив дизајнирана од владата што го предупредува прегледувачот.

Огласувачите кои користат содржини на социјални мрежи за промотивни цели, исто така, ќе бидат засегнати од законот.

Фото:Pexels