Информативни денови на ФЕИТ на 14 и 15 мај

28

feit

Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, во наредните два дена организира информативни денови за сите заинтересирани средношколци. Инфо-деновите ќе се одржат на 14 и 15 мај, од 11 до 14 часот. Инфопултот за сите заинтересирани средношколци ќе биде поставен во холот на Факултетот. Од ова место, претставници на Центарот за нови студенти при ФЕИТ ќе ги информират идните студенти за функционирањето на Факултетот, за студирањето и ќе ги запознаат со условите и можностите за студирање.

Со овие информативни денови, Факултетот настојува да одговори на сите прашања поврзани со уписот, потребните документи за упис и начинот на нивно пополнување.