Иницијативата на ПроКредит Банка за помалку отпад од пластични кеси поддржана од граѓаните

24

7

Во Македонија се употребуваат околу половина милијарда пластични кеси годишно. Таквиот отпад тешко се управува и најчесто завршува насекаде околу нас. Штетните состојки од пластичната кеси трајно ги уништуваат природните ресурси и остануваат во храната која ја јадеме, водата, воздухот.

Зошто да употребуваме пластични кеси кога постои поздрава, повторно употреблива и модерна алтернатива?! Зошто да употребуваме 10, кога некогаш доволно ни е само една?! Ова се дел од прашањата со кои ПроКредит банка ги поттикна граѓаните да размислат одговорно за секојдневната употреба на пластични кеси со директно присуство на терен – во супермаркетите, аптеките, продажните места, шеталиштата. За таа цел ПроКредит им подари платнени ЕКО торби, изработени од 100% органски памук со меѓународен сертификат за стандардизирано органско производсво и минимален ефект на животната средина, која може да ја употребуваат како замена за пластичните.

Ваквото делување на ПроКредит Банка е еден дел од страндардите за заштита на животната средина кои банката ги спорведува.

2

“Ние сме активни членови на општеството и нашата улога ја гледаме подалеку од основната дејност на една финансиска институција – обезбедување на финансиски услуги. Свесни сме и засегнати за различните негативни ефекти кои сите ние како индивидуи и инстутиции со нашето делување и навики ги причинуваме на животната средина. Сакаме да дадеме практична идеја како секој еден може да даде активен придонес за намалување на користењето на пласти и со тоа да направи подобро место за живеење за себе, за сопствените деца, за своите сограѓани“, велат од банката.

Остварувањето на ваквата мисија е невозможно без соработка со партнери кои ја делат истата одговорност, грижа и делување за животната средина. Со подарок платнена ЕКО торба, оваа порака се испраќа до граѓаните преку продажните мрежи на поддржувачите на акцијата на ПроКредит: Веро, Табернакул, Просветно Дело, Гранап маркет, Виола Фармација, ХУБО Маркет и др.

Покрај овие локации и дирекните промоции, бесплатен примерок од органска еко торбичка граѓаните може да добијат во сите експозитури на ПроКредит Банка.

4