Innerneed – долготраен кујнски сунѓер отпорен на бактерии

40

Фото: Kickstarter

Голем број на бактерии во кујната доаѓаат од сунѓерите што најчесто се користат за миење на садови. Иако се советува често да се менуваат, многумина не го прават тоа.

Еден старт – ап од Торонто, Канада сака да го промени тоа. За таа цел тимот создаде еколошки кујнски сунѓер од специјален силикон и дозволени агенси за зацврстување.

Innerneed сунѓерот е антибактериски, ја чисти секоја површина и не остава гребаници. Не ја задржува водата, поради самите својства на силиконот, а со тоа и не дозволува “лепење“ на бактерии како што е случај кај обичните сунѓери.

Материјалот од којшто е направен ја задржува својата форма и по долготрајна употреба, лесно се суши, и може да издржи и студ и жештина. Производот моментално има кампања на платформата Kickstarter.