Технолошката компанија HP го претстави лап топ компјутерот што користи Leap Motion технологија. Она по што овој компјутер ќе биде поинаков од сите останати е тоа што технологијата што се користи го заменува глувчето, touchpad и екранот чувствителен на допир.
Наместо за време на презентацијата да кликате со глувчето, со рака во воздухот може да ги “листате“ слајдовите, наместо со прст да го допирате екранот, тоа може да го направите со движење во воздух, а наместо музиката да ја создавате со кликнување, истата може да се создава со имитирање на движења на тапан, свирење гитара и слично.
HP објави дека во Хрватска започна со продажба на лап топот HP Spectre 13×2 Pro PC, што е првиот компјутер што користи ваков вид на технологија. Станува збор за технологија што експертите ја опишуваат како алтернатива на глувчето, touchpad и екраните чувствителни на допир, пишува Пословни дневник.
“Корисниците бараат решенија кои за време на работата и забавата функционираат како и тие самите, па затоа ја редефинираме ИТ технологијата, нудејќи им ја корисниците потребната продуктивност и забава“, вели Кораљка Бошњак Худолетњак од HP за Хрватска.
Во рамки на тоа, како што нагласи таа, подготвиле и низа производни иновации од лап топ без вентилатори засновани на новите процесори на Интел преку работните станици HP Z1 за научниците и експертите за CAD, па се до новите генерации на принтери.
“HP Deskjet Ink Advantage 3545 e-All-in-One овоможува печатење од било кое место преку паметен телефон, теблет или компјутер“, додава Бошњак Худолетњак.