Научниците Тинг Ванг и Даиронг Ченг, заедно со свои колеги од Универзитетот во Калифорнија, создадоа иновативна и евтина хартија на којашто може да се печати и брише до 40 пати, пишува Curiosity.
Хартијата е добиена како комбинација од волфрам оксид и поливинил пиролидон. Доколку се изложи на УВ светлина најмалку 30 секунди, хартијата ја менува бојата од бела до темно сина. Кога ќе се изедначи матрицата со хартијата, може да се печатат зборови и слики.
Она што ќе се испечати, без никаков проблем може да остане еден до два дена, по што исчезнува. Доколку корисникот сака текстот или сликата да траат подолго, мора да додаде полиакрилонитрил, со што се зголемува трајноста на десет дена. Но, ако корисникот сака текстот или сликата да исчезнат веднаш, потребно е ја изложат хартијата на топлина околу 30 минути.