Иновативна маска ја менува бојата ако детектира коронавирус

95

Во последните шест години, биоинженери од Универзитетот Масачусетс и Харвард развиваа сензори што можат да детектираат присуство на вируси, како што беа случаите со Ебола и Зика, пишува Business Insider.

Тие сега ги адаптираат своите сознанија за развој на сензори што ќе го детектираат коронавирусот.

Џим Колинс, научник од Универзитетот Масачусетс веќе неколку години работи на развој на сензори што брзо и точно можат да детектираат присуство на одреден вирус кај луѓето. Идејата била сензорот да го препознае вирусот Ебола, па резултатите дале надеж и неговиот тим во 2016-та година целиот систем го прилагодил за детектирање на вирусот Зика.

Сега повторно го прилагодува целиот систем за детекција, овој пат, на коронавирусот. Тој планира да осмисли заштитна маска што би ја променила бојата кога лицето заразено со Ковид-19 се накашла, кивне или издиши во маската. Со помош на оваа заштитна маска полесно би се препознале лицата кои се заразени и тоа поефикасно одошто да се мери нивната телесна температура или да им се земе брис за брз тест.

Во овој сензор ќе има генетски материјал што се поврзува за вирусот. Материјалот се суши на ткаенина и може да остане стабилен на собна температура неколку месеци. За да биде активен сензорот, потребна му е влага (како онаа од здивот) и треба да има присуство на вирусот.

Овој сензор може да открие присуство дури и кога вирусот е во мали количини.

Засега сигналот што ќе го испрати сензорот, нема да биде видлив со голо око, туку ќе биде потребен флуометар.

Фото: Pixabay