Иновативна направа детектира нивоа на стрес преку пот

23

Тим од Универзитетот Стенфорд разви сензор за кожа којшто се носи и кој може да ги мери нивоата на кортизол од потта. Кортизол е хормон којшто се активира како реакција на стрес,пишува  New Atlas.

Според научниците потта содржи еден куп на важни информации за добросостојба на телото. Апаратите за детектирање на пот можат да бидат од корист за дијабетичарите – на нов начин да мерат нивоа на гликоза, им помага на спортистите да мерат метаболични состојби додека вежбаат и исто така можат да мерат нивоа на лекарства во системот на одредена личност.

Тимот веќе неколку години развива технологии за детектирање на пот, но посебен предизвик претставуваше детектирањето на нивоата на кортизол. Сензорите за пот што тимот претходно ги разви делуваа на детектирање на позитивно или негативно полнење на даден молекул.Кортизолот од друга страна нема полнење па за него беше потребно покреативно решение.

Одговорот беше да се развие посебна мембрана којашто се врзува со кортизолот.

Тимот од Стенфорд најавува дека идното истражување во адаптација на овој вид на сензор на кортизол на плунка може да биде подобар пристап за поопширна клиничка примена.