Иновативно и креативно – “клиника“ за стари патики

117

Младите Хрвати Иво Главаш и Мак Гојниќ, ја отвориле Shoe Cleanique – “клиника“ во којашто ги спасуваат старите и омилени патики и прават дизајни по желба на нивните клиенти, пишува Пословни дневник.

“Во Хрватска изборот на лимитирани и поинакви патики никогаш не бил богат, а како што гледаме во светот овој тренд не запира, па одлучивме да видиме како ќе биде. Целата приказна почна спонтано, како хоби, а сега на тоа целосно се посветивме и сме задоволни од реакцијата на јавноста“, велат основачите на Shoe Cleanique.

Велат дека овој тренд е присутен во светот веќе некое време, а во последните неколку години доживеал вистинска популарност.

Најчесто работат на стари патики и чевли по нарачка, но имаат и барања за изработка на чанти, јакни и други кожни додатоци.

Процесот на чистење и обнова зависи од состојбата во којашто се наоѓаат патиките, од тоа колку е комплициран цртежот што се изработува…

“Околу една недела е потребна за чистење и враќање на патиките на неговиот сопственик, обновата може да трае од една недела до 10 дена, посебно ако се работи за чевли со повеќе видови на кожа или бои, што бара и поголема нега. Што се однесува со customing-от, рокот е околу 10 до 14 дена, од моментот кога ги преземаме, ги подготвуваме, ги персонализираме и му ги враќаме на сопственикот. Цените ги прилагодивме на нашиот пазар, а во светот надминуваат и 200 долари, што кај нас не е реално“, велат двајцата креативци, кои постојано добиваат нарачки, најчесто преку Instagram.

Фото: Instagram