Иновативно шише од хартија за заштита на околината

85

hartieno-sise

Paper Water Bottle е иновативно и еколошко шише коешто, освен основната намена, има за цел да ја заштити околината.

Надворешниот дел од шишето е изработен од 100% органски растителни влакна од бамбус и шеќерна трска. Внатрешниот дел од хартиеното шише е направен од рециклирана смола којашто ја дава неопходната непропустливост на течност.

Идејата на тимот што стои зад Paper Water Bottle е да се создадат шишиња коишто нема да ја загадуваат животната средина и ќе може лесно да се разградат. Овој американски старт – ап ја претстави својата еколошка иновација на Kickstarter, каде што побара финансиска поддршка од 5.000 долари.