Инсектите најголеми “чистачи“ во Њујорк

58

insekti

Во градот што никогаш не спие, инсектите многу лесно може да завршат под ногата на некоја случаен минувач. Студијата на Државниот универзитет во Северна Каролина ја откри другата страна на улогата и значењето на инсектите  во милионскиот Њујорк. Резултатите покажуваат дека инсектите се најголеми “чистачи“ на отпадоците од храна што останува низ улиците и јавните површини на Њујорк, пишува NC State University.

“Нашите пресметки покажуваат дека инсектите годишно јадат околу 950 килограми остатоци од храна, што е околу 60.000 хот дог сендвичи, под претпоставка дека одмораат во текот на зимскиот период“, вели Елса Јангстед, соработник и истражувач.

sl1За да утврдат колку храна јадат инсектите, истражувачите намерно оставале остатоци од храна низ улиците на Њујорк. Дел од нив ги оставале во посебно утврдени места, додека другите ги оставале на дофат и на кучињата, мачињата и глодарите. Резултатот покажа дека само за 24 часа биле изедени 32% од храната во посебно обележаните места и дури 80% храна надвор од нив. Храната оставена на плочниците се конзумира за два до три пати повеќе одошто онаа што е оставена во парковите.

Еден инсект годишно може да “отстрани“ околу четири до шест килограми храна од јавните површини, што со себе носи позитивни ефекти, како што е поголема хигиена во големите градови и превенција од појава на глодари.