Инспиративна кампања по повод Денот на лицата со хендикеп – Никој не е совршен

21

reklama 1

Pro Infirmis, европска организација за лица со хендикеп, направи серија кукли за излог според мерки на луѓе со хендикеп. На Денот нa лицата со хендикеп, куклите беа поставени во излог на главната улица во Цирих, Банхофштасе, најскапата европска улица и трета најскапа во светот.

Преку оваа кампања наречена Because, Who Is Perfect?, Pro Infirmis пренесува важна порака – не само што луѓето доаѓаат во различни големини и форми, туку сите тие форми и големини се убави. Само кога бизнисот би имал повеќе храброст да ги покаже.