Инспиративно видео – Девојчињата се повеќе од принцези во розово

22

video

Стартап компанијата за играчки GoldieBlox направи одлично видео, со кое се обидува да ги разбие стереотипите дека девојчињата сакаат да си играат со кукли, наместо да конструираат и градат.

“Направивме играчки за конструкции што ќе инспирираат идни генерации на жени инженери. Веруваме дека милиони девојчиња се инженери, но се уште не го знаат тоа. Ние ќе им го покажеме патот”, велат од компанијата.

За видеото е искористена анти-феминистичката песна Girls на Beastie Boys од 80-те, секако, со сосема изменет текст.