Институт за меѓународни финансии: Глобалниот долг се искачи на речиси 338 трилиони долари

Глобалниот долг достигна рекордни 337,7 трилиони долари на крајот од вториот квартал од 2025 година, соопшти Институтот за меѓународни финансии (IIF).

Според извештаите, скокот на задолженоста за повеќе од 21 трилион долари во првата половина од оваа година е последица на олеснувањето на финансиските услови на глобално ниво, слабеењето на американскиот долар и помеката политика на водечките централни банки, објавува Ројтерс.

Кина, Франција, Соединетите Американски Држави, Германија, Обединетото Кралство и Јапонија забележаа најголем раст на долгот во апсолутни бројки, при што дел од зголемувањето е поврзано со падот на вредноста на доларот. Американската валута ослабе за 9,75 проценти од почетокот на годината во споредба со главните светски валути.