Intel инвестира 600 милиони долари во Израел

30

Intel планира во Израел да инвестира 600 милиони долари за истражување и развој и потврди дека одвои 10 милијарди долари за нова фабрика за чипови.

Ова е најавено при посетата на извршниот директор на Intel, Пат Гелсингер, во Израел во рамки на европската турнеја што ги вклучува Германија и Белгија, пренесува Ројтерс.

Intel инвестира 400 милиони долари во својата фабрика во Ерусалим, којшто планира да прерасне во истражувачко – развоен кампус за технологија што ќе се користи кај автономните возила.

Уште 200 милиони долари ќе бидат вложени во изградба на истражувачко – развоен центар, под името IDC12, во северниот град Хаифа.

Intel информира дека објектот ќе има капацитет за да вработи 6.000 лица.

Од израелското министерство за финансии, на почетокот на 2019 година, рекле дека ќе му одобрат финансиска поддршка на Intel во висина од милијарда долари за изградба на фабрика за чипови, којашто ќе чини 11 милијарди долари, иако во тоа време технолошката компанија не го потврди износот.

Фото: Pexels