Интел: Недостигот од процесори и графички картички ќе трае до 2023 година

30

Светот се соочува со недостиг на полупроводници, а тие се се клучен дел во секоја конзола, графичка картичка и процесор. За жал кризата сè уште не е при крај. Различни предвидувања се согласуваат дека недостигот ќе трае најмалку уште една година, а некои како Интел сметаат дека ќе трае до 2023 година.

Извршниот директор на Интел, Пат Гелсинџер, изјави за CNBC дека ситуацијата во моментов е најлоша, но дека ќе се подобри во наредниот период. Тој изјави дека следната година ќе има забележително подобрување од квартал во квартал, а рамнотежата меѓу понудата и побарувачката ќе се постигне до 2023 година.

Оваа изјава е попесимистична од изјавата на директорката на конкурентската компанија AMD, Лиза Су, која рече дека ситуацијата ќе се подобри до втората половина на 2022 година, односно многу порано.