Intel: Серија кратки видеа со Џим Парсонс

24

reklamaIntel повторно го ангажираше американскиот актер Џим Парсонс, познат според ликот на Шелдон Купер во серијата The Big Bang Theory, за серија видеа со кои го промовира новиот Core процесор од шестата генерација.

Пред една година, Парсон прв пат се појави во реклама за Intel.

“Го вративме Џим Парсонс затоа што потрошувачите го сакаат неговиот забавен и пристапен стил, како и неговата поврзаност со технологијата”, велат од агенцијата mcgarrybowen која стои зад видеата.