Интензивни подготовки во УЈП за старт на проектот е-фактура

344

Во Управата за јавни приходи се прават интензивни подготовки за имплементација на проектот е-Фактура.
Вчера во просториите на УЈП се одржа состанок со претставници од неколку ИТ компании кои развиваат софтвери за поддршка на работењето на домашните фирми во делот на изготвување на фактури.

На состанокот се дискутираше за нивните перцепции и прашања во врска со импликациите што ќе произлезат од прилагодувањето на софтверите кај домашните фирми заради воведувањето на е-Фактура.
ИТ компаниите ја препознаваат е-Фактурата не само како алатка за намалување на даночната евазија, туку и како алатка која ќе има додадена вредност за фирмите.

Нема хартија, нема тонери, нема вреќи со фактури по пошта, нема носење фактури на сметководители“.
Воедно, подготвени се активно да соработуваат со УЈП, да ги споделат своите искуства, да дадат придонес во тестирањето и сл.