Интерактивна тастатура за фановите на анимираниот филм Angry Birds

64

angry-birds-tastatura

Хрватскиот старт – ап Аспида, којшто е во фаза на основање на своја подружница во Македонија, ја изработи првата интерактивна тастатура за фановите на светски познатиот анимиран филм Angry Birds (Лутите птици), стои во соопштението.

Обожавателите на Angry Birds, но и оние што на најомилената алатка денес – тастатурата, сакаат малку акција, забава и дизајн, може да имаат сопствена брендирана и интерактивна тастатура за сите уреди iOS и Android.

Izzy ft. Angry Birds, најновата апликација на брендот Izzy нa Аспида, е прва тастатура со развиено препознавање на движењата на прстите на тастатурата (т.н. gesture recognition). Со тоа, брзо и едноставно се исцртуваат емотикони и симболи, без да се излезе од главната тастатура во онаа со симболи, а движењата се осмислени да бидат интуитивни и лесни за паметење.

Со вообичаените функции, оваа тастатура на корисниците им дава ново доживување на звуците и на анимациите. Така, музичката тема од филмот Angry Birds може да се засвири со преминување со прстите преку тастатурата, а со исцртување на одредени потези за десетте најчести емотикони се активираат анимираните ликови.

Во понудата се четири маски за тастатурата – бесплатна генеричка, на којашто со често исцртување на емотиконите и на симболите се освојуваат анимации со ликовите од анимираниот филм; другите обвивки се Чак, Ред и Бомб со своите анимации. Во првата недела, како подарок на корисниците на Apple и Google Store, сите маски ќе бидат бесплатни.

Ова не е првата тастатура на компанијата Аспида, во којашто се собрани група ентузијасти програмери и дизајнери од Хрватска и Македонија. Таканаречените gesture recognition се развиени за сите симболи и 21 емоџи, а сега се збогатени и со анимации. Izzy минатата година оствари успешна соработка со фудбалските клубови Хајдук, Црвена звезда, Лудогорец, потоа со Нина Бадриќ, Two Chellos, Оливер Драгојевиќ, Џибони и други многубројни изведувачи и спортски клубови од регионот чиишто тастатури се веќе на пазарот.

Сега, заедно со финската компанија Rovio и нејзините ликови од играта и филмот Angry Birds, Izzy излегува и на глобалниот пазар. Многумина го препознаа потенцијалот на иновацијата што ќе ја промени перцепцијата за тастатурата на мобилните уреди. Главниот инвеститор е Јадран Капитал од Сплит, а на проектот Izzy соработува и со агенцијата Bruketa&Žinić OM, што е задолжена за дигитална маркетинг комуникација.