Interceptor – полициски дрон што ќе испраќа казни по мејл

51

interceptor

Interceptor е самоуправувачки полициски дрон опремен со 3D камери и специјален систем за следење на прекршоците во сообраќајот, пишува Imaginative.org.

Опремен е со повеќе камери и сензори, што ќе овозможат следење на сообраќајот во реално време. Само еден полициски службеник е неопходен за надгледување на пет вакви дронови во форма на мотоцикл.

Додека патролира, Interceptor ќе ги скенира регистарските таблички на оние кои ќе ги прекршуваат сообраќајните правила. Во исто време ќе сними видео како доказ за сторениот прекршок, како и времето, датумот, брзината и локацијата. Потоа, соодветната казна може да ја испрати преку мејл, СМС порака или по пошта.

Зад овој проект стои Јан Метелка од Чешка, кој студирал на Академијата за уметност, архитектура и дизајн во Прага.