Интересна најава: БМВ тврди дека водородот би можел да биде главно гориво во автомобилите!

141

Шефот на БМВ Оливер Зипсе (58) изјави дека иднината може да му припадне на водородот, а не на (само) електричните возила. Во интервју за Bloomberg, Зипсе најави дека следниот тренд по електричните автомобили ќе биде водородот. Доколку стане уште попрофитабилно, водородот ќе биде најсовремен ресурс за возење, изјави првиот човек на BMW.

Баварскиот производител на автомобили веќе започна со производство на водородно возило: BMW iX5 Hydrogen. Горивната ќелија на BMW iX5 Hydrogen се наоѓа во моторниот простор, по големина е слична на трицилиндричен мотор и тежи околу 180 килограми. Резервоарите, кои содржат водород под притисок од 700 бари, се наоѓаат под задното седиште и во централниот тунел и имаат капацитет од шест килограми – што одговара на домет од околу 600 километри, пренесува Revija HAK.

Шефот на BMW предупреди дека автомобилската индустрија не може да се фокусира само на една технологија:

– Да се ​​каже дека ќе има само еден погонски агрегат околу 2030 или 2035 година е опасна работа – изјави Зипсe.

– Од секоја гледна точка, ова е опасен пат за клиентите, за индустријата, за вработувањето, за климата.