Интересни факти за авиоиндустријата

93

Авиоиндустријата брои 62,7 милиони работни места во светски рамки. Минатата година комерцијалните авиокомпании пренесоа повеќе од 4,5 милијарди патници, а годинава се очекува да генерираат глобални приходи во вредност од 606 милијарди долари.

Неколку интересни факти за оваа индустрија во продолжение.

KLM Royal Dutch Airlines е најстарата авиокомпанија. Основана е пред точно 100 години во 1919 година. Втора е Qantas и основана е една година подоцна, 1920.

Lufthansa е најголемиот купувач на кавијар – над 10 тони годишно.

Во 1987 American Airlines заштедија 40.000 долари со тоа што отстранија една маслинка од секоја салата што се служи во прва класа.

Распонот на крилата на Airbus 380 е подолг од самиот авион. Распонот е 80 метри, додека авионот е долг 72,7 метри.
Singapore Airlines троши околу 700 милиони долари секоја година на храна и 16 милиони долари на вино.
Интернетот и онлајн чекирањето за прв пат беа овозможени од Alaska Airlines во 1999 година.
Дури 70% од авионите денес се над 70% поефикасни во однос на потрошено гориво и изминати километри отколку најбрзите авиони во 60-тите години на минатиот век.
Авиокомпанијата Qantas ја “измисли“ бизнис класата во 1979 година.
Пилотите и ко-пилотите мора да јадат различни оброци, во случај да не дојде до труење со храна.
Една третина од сетилото за вкус не функционира за време на лет.
Еден комерцијален авион во просек лета со брзина од 800 километри на час.
Фото:Pixabay