Интересни факти за најбогатиот човек на светот

65

Она што го знаете за Џеф Безос, основачот на Amazon, е дека тој е повторно најбогатиот човек на светот (на таа позиција во последните денови се менува со Илон Маск).

Тој се разведе во 2019 година, има деца и сака да ги поминува утрата со нив. Исто така, повеќе се пишува за неговата кариера, мантри за успех, рутини… Познато е дека  милијардерот секогаш размислува три години однапред и донесува само три големи одлуки на ден, до 17 часот.

Безос смета дека сите имаат две опции да направат своја животна приказна. Или ќе посегнат по леснотија и комфор или по живот полн со авантури. Тој ниту за момент не се сомнева што е правилен избор. Вели дека на 80-годишна возраст ќе бидете многу погорди на својот авантуристички живот.

“Знаев дека кога ќе имам 80 години, нема да зажалам што го пробав ова. Нема да зажалам што се обидов да учествувам во работата што се вика интернет, затоа што знаев дека ќе биде многу важен. Дури и знаев дека и ако не успеам, нема да зажалам. Единствена работа за која знаев дека сигурно ќе зажалам беше ако ништо не се обидам. Знаев дека тоа ќе ме прогонува секој ден“, вели Безос.

Во продолжение некои други интересни факти за овој Американец:

Мајка му го родила на 17 години

Мајката на Безос, Џеки Јоргенсен, сè уште била во средно училиште, а поради бременоста не можела да го заврши своето образование. Подоцна и било дозволено да го заврши школувањето под строги услови.

Кога дипломирала, се развела од биолошкиот татко на Џеф, Тед Јоргенсен. Потоа се омажила за кубански имигрант Мигел Безос, чие презиме го носи сопственикот на Аmazon.

Биолошкиот татко работел во циркус

Во 2013 година, Бред Стоун објави биографија за основачот на Аmazon, The Everything Store: Jeff Bezos and the Age of Amazon, во која се наведени овие информации. Кога Стоун го “бркал“ Јоргенсен на интервју, тој рекол дека наводно не го видел својот син со децении. Почина на 16 март 2015 година, на 71-годишна возраст.

Во бизнисот од средношколски денови

Како средношколец го започнал едукативниот летен камп Dream Institute. Според Business Insider, тој и неговата тогашна девојка работеле заедно на проект и земале  по 600 долари по човек. Тој исто така работел во McDonald’s.

Тој ја основаше Аmаzon во гаражата на својата куќа и  ја нарече компанијата Cadabra

Просторот во гаражата бил толку мал што Безос морал да одржува состаноци, со неколку вработени во тоа време, во барот Barnes & Noble. Неговата поранешна сопруга Мекензи Скот беше дел од создавањето на Аmazon. Името на компанијата во тоа време беше Cadabra, скратена верзија на волшебниот израз Абракадабра. Откако адвокатот на Безос му рекол дека Cadabra звучи како леш преку телефон, Безос го сменил.

Безос стана милијардер кога имаше само 35 години, а тоа беше во 1999 година.

Истата година, неговото име се најде на списокот на милијардери наForbes, и оттогаш неговото богатство рапидно расте.

Фото: Facebook