Фото: Pixabay
Помалку познати факти низ бројки за односот и мислењата на вработените.
35% од вработените мислат дека нивните работодавци воопшто не се грижат за нив, ни како дел од тимот ни како индивидуалци.
91% од нив велат дека се мотивирани да се покажат во најдобро светло кога ја имаат поддршката од нивниот лидер.
75% велат дека доколку барем еднаш месечно добијат пофалба за сработеното ќе бидат задоволни.
Речиси една третина од вработените попрво би одбрале признание и пофални зборови преку мејл, адресиран до цела компанија, отколку еден просечен бонус.
51% од нив размислуваат да ја напуштат моменталната работа.
Дури 80% од вработените би работеле продолжено работно време доколку имаат претпоставен кој се грижи за нив.
59% од нив велат дека можат “да созреваат и растат професионално“ во компанијата каде што работат.
Дури 90% од лидерите мислат дека вклученоста и оддавањето на признание на вработените влијаат на целокупниот успех на компанијата, но само 25% од нив тоа го прават.
70% од вработените сакаат да поминуваат повеќе време со своите претпоставени.
Поразителни 60% од работниците јадат сами на своето биро и тоа додека работат.