Интерпромет од Тетово лани прокнижи 1,9 милиони денари добивка во 2016 година

21

denari-1

Интерпромет од Тетово од јануари до декември лани оствари вкупна сеопфатна добивка од 1.959.000 денари, покажува неконсилидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Компанијата претходната 2015 година ја заврши со добивка од 15.521.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 12-те месеци од 2016 година изнесуваа 22.370.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 36.890.000 денари.

Интерпромет од Тетово се занимава со трговија на мало во неспецијализирани продавници.