Интервју прашања кои најдобро ја мерат емоционалната интелигенција

47

smile

Фото: Pixabay

Денес сè повеќе и повеќе се придава значење на емоционалната интелигенција. Експерите ја карактеризираат како една од најбитните карактерни особини што еден лидер треба да ги поседува. Според нив тоа е клучот за да се биде навистина успешен.

Токму затоа се повеќе компании поставуваат добро смислени прашања на интервјуата, со кои се мери токму емоционалната интелигенција на кандидатот, која вклучува способност за контролирање, согледување и проценка на емоции.

Според Фил Џонсонс, основачот на Master of Business Leadership (MBL) Inc., програма за онлајн коучинг, овие 15 прашања се најчесто поставуваните кога станува збор за мерење на емоционална интелигенција:

Како оваа работна позиција ќе ви помогне да го постигнете тоа што го сакате?

Што ве смее во животот?

Кога последен пат сте биле засрамени? (Што се случи и како се справивте со ситуацијата?)

Кои активности ве прават среќни и ви даваат енергија?

Како се забавувате?

Одвојте две ваши лични особини кои најмногу ви помагаат во животот?

Колку ја прифаќате помошта од другите?

Колку вие барате помош од другите?

Со што секојдневно се борите? Одвојте една ваша внатрешна битка

Што ве лути?

Што најмногу ве исполнува во работата?

Како би придонеле за поголем баланс во вашиот живот?

Кој ве инспирира и зошто?  

Во еден обичен ден дали вашата енергија е на високо или ниско ниво? Дали се фокусирате на резултатите и задачите или на луѓето и емоциите?