Интервју со амбасадорот Ѕуо: Кина ги поддржува кинеските претпријатија да финансираат тука

330

Кина ги поддржува кинеските претпријатија да финансираат во С.Македонија, и се надева, дека двете страни ќе остварат соработка во различни области, вклучително и 5G технологиите. Се разбира, Кина очекува земјата да обезбеди фер, праведен, пријателски, стабилен и недискриминаторски деловен амбиент, како и секогаш, вели кинескиот амбасадор во земјава, Џанг Ѕуо во интервју за Локално.

Кина е подготвена да работи со земјава и од гледна точка на “после пандемиска ера“, да се стави фокус на сплотената борба против вирусот, да се реализира заеднички развојот и да ги координираат превенцијата и контролата на пандемијата со зајакнување на работата и производството.

Во однос на тоа дали во иднина дали можеме да очекуваме нови проекти меѓу двете земји, кога ќе помине пандемијата, кинескиот амбасадор вели дека политичката меѓусебна доверба меѓу Кина и С.Македонија е солидна, а соработката во различни полиња продолжува да напредува.

“Двата автопати Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, се од првата група на проекти, користејќи „специфичен заем во вредност од 10 милијарди американски долари за земјите од Централна и Источна Европа“, посочува Ѕуо.

Во период кога целиот свет се бори против коронавирусот, каква е соработката помеѓу Народна Република Кина и С. Македонија?

Превенцијата и контролата на пандемијата во Кина беа одобрени и поддржани од земјите во светот, вклучително и од Р. Северна Македонија. Кина исто така обезбеди помош на меѓународната заедница и на земјите кои имаат потреба. Кина обезбеди две групи парични средства за СЗО во вредност од 50 милиони американски долари, и ветува дека ќе продолжи да дава меѓународна помош во вредност од две милијарди американски долари во рок од две години. Освен ова, Кина одлучи да ги откаже долговите на бескаматните кредити на релевантните африкански земји, кои мора да бидат исплатени пред крајот на 2020 година. До моментов, Кина обезбеди итна медицинска помош за повеќе од 150 земји и меѓународни организации, а новата вакцина против вирусот ќе се користи како глобален јавен производ откако ќе се пушти во употреба. Ова беше објавено од страна на претседателот на Н.Р.Кина Си Џинпинг за време на неговото учество на 73-тиот врховен самит на СЗО.

Во однос на соработката помеѓу Н.Р. Кина и Р. Северна Македонија во борбата против вирусот, мора да се каже, дека е многу тесна и се темели на меѓусебна поддршка и помош. Во средината на април годинава, кинеската влада обезбеди група итни медицински средства на Р. Северна Македонија, вклучувајќи медицински материјали како што се тестирање на реагенси, маски, заштитна облека и маски за лице. 3 месеци потоа, во средината на јули, преку брз воз помеѓу Кина и Европа, Министерството за одбрана на Кина донираше уште една група на антипандемиски материјали на Министерството за одбрана на Р. Северна Македонија.

Во исто време, локалните самоуправи на Кина, како провинцијата Сичуан, градовите Нанчанг, Дејанг, Џинчен и др, исто и кинеското здружение за семејно планирање, други невладини организации и претпријатија од Кина, ги споделуваат своите антипандемиски искуства и донираат средства на Р. Северна Македонија и на збратимените македонски градови. Кинеската амбасада во Р. Северна Македонија дејствува навремено и во текот на борбата против пандемијата, им пружи итна помош на Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи и на сиромашните ромски семејства.

Освен помош во маски, заштитни средства, респиратори… како Кина може поконкретно да помогне на земјава во спречувањето на вирусот? Дали знаењата стекнати во вашата земја може да помогнат тука?

Во моментов, пандемијата сè уште се шири брзо низ целиот свет. Верувам дека државите во светот, вклучително и Н.Р. Кина и Р. С. Македонија, треба да продолжат да работат заедно во борбата против пандемијата, да ја поддржат улогата на СЗО, да ја зајакнат меѓународната координација и соработка, да се грижат за животот и здравјето на луѓето во сите земји и да ја изградат здравствената заедница на човештвото.

Кина е подготвена да работи со Р. Северна Македонија, од гледна точка на „после пандемиска ера“, да се фокусираат на сплотената борба против вирусот, да го реализираат заеднички развојот и да ги координираат превенцијата и контролата на пандемијата со зајакнување на работата и производството. Мора да се промовира нашата соработка во консензусот за општата борба против Ковид-19, во зајакнување на заедничката превенција и контрола, во споделување на искуството за дијагностика и третманот, и во зајакнување на соработката во гарантирање на антипандемиските материјали, технологии, лекови и вакцини.

Нашата цел е да го заштитиме заедно економскиот развој и животот на луѓето, да ги промовираме напредокот на општите проекти, да ја унапредуваме размената на луѓе и трговските врски, да ја одржиме стабилноста на индустрискиот синџир и ланецот на снабдување, и да ги реализираме и продлабочуваме билатералните размени и соработка во ерата на “после-пандемијата“ .

Македонија и Кина имаат солидна соработка на доста проекти. Ќе продолжи ли таа и во иднина и дали можеме да очекуваме некои нови кога ќе помине пандемијата?

Кина и Р. Северна Македонија се добри пријатели кои меѓусебно се почитуваат, и се однесуваат како еднакви една кон друга. Сега, политичката меѓусебна доверба меѓу нас е солидна, соработката во различни полиња продолжува да напредува. Кина придава големо значење на развојот на односите со Р. Северна Македонија и е подготвена да работи заедно со Р. Северна Македонија во понатамошното промовирање на билатералните односи за да се развиваат на ново ниво. Неодамна, Кина објави, дека ќе биде отворена за повеќе од 30 европски земји да дојдат во Кина за да продолжат со работа и производство, вклучувајќи ја и Р. Северна Македонија. Ова го покажува големо значење кое Кина го придава на нашата меѓусебна соработка.

Во рамките на иницијативата “Еден појас и еден пат“ и соработката меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа („соработка 17 + 1“), Кина и Р. Северна Македонија спроведоа различни практични размени и соработка, додека ја зајакнуваме соработката во земјоделството, енергетиката, инфраструктурата, образованието, културниот туризам и други области, активно се промовира соработката во нови сфери, како што се дигиталната економија, вештачката интелигенција, новата енергија и еколошката средина.

На пример, двата автопати Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, се од првата група на проекти, користејќи “специфичен заем во вредност од 10 милијарди американски долари за земјите од Централна и Источна Европа“. Благодарение на успешната соработка, на 6 јули 2019 година, автопатот Миладиновци-Штип успешно беше пуштен во функција, а изградбата на автопатот Кичево-Охрид исто продолжува стабилно.

Кинеската страна активно го спроведува реализирањето на проектот за помош во здравствената и социјалната сфера и ќе продолжи да ја промовира втората фаза на проектот за изградба на едукативниот систем за далечинско образование. Кина ги поддржува кинеските претпријатија да финансираат тука, и се надева, дека двете страни ќе остварат соработка во различни области, вклучително и 5G технологии. Се разбира, Кина очекува Р. Северна Македонија да обезбеди фер, праведен, пријателски, стабилен и недискриминаторски деловен амбиент, како и секогаш.

Целото интервју со кинескиот амбасадор во земјава, Џанг Ѕуо прочитајте го на Локално.

Фото: Борче Поповски