Intesa Sanpaolo отвори филијала во Турција

21

intesa

Италијанската Intesa Sanpaolo отвори филијала во Истанбул за соработка со стопанството. На овој начин, групата дополнително ја потврди својата посветеност за поддршка на компаниите кои сакаат да го развиваат бизнисот на турскиот пазар, како и за одржување на надворешно трговски и финансиски врски меѓу Италија и Турција.

“Филијалата ќе помогне да се искористи синергијата со нашите банки во Италија и во странство, а истовремено ќе го збогати нашето know-how и ќе обезбеди уште поперсонализирани услуги за клиентите, компаниите од Италија, Турција и останатите земји”, изјави преку соопштение директорот на Дивизијата за корпоративно и инвестициско банкарство, Гаетано Мичике, јавува Ројтерс.