Продажбата на словенечкиот национален авиопревозник Adria Airways е во завршна фаза, а најголеми шанси да дојде до договор има со германската компанија Intro Aviation, пишува љубљански Дневник.
Меѓу заинтересираните за купување на Adria Airways, покрај Intro Aviation од Германија се и Welcome Aviatiot Group од Австрија и холандската компанија Panta Holdings, како и неколку финансиски фондови.
Според Дневник, германската компанија е само посредник, додека конечен купувач на словенечкиот авиопревозник би можела да биде нискобуџетската компанија Berlin Air.
Словенија, заедно со своите фондови има 72% удел во Adria Airways, додека 28% се во сопственост на четири банки – Нова љубљанска банка (НЛБ), Абанка, Хипо банка и Уникредит. Државата како мнозински сопственик ја докапитализираше компанијата со 85 милиони евра во последните неколку години, но тоа не беше доволно да се спаси и да се сочува во национална сопственост.